'Маршот кон Сион' - Превод на македонски јазик

Video

May 6, 2015

Пред повеќе од 4000 години, Бог му се јавил на Авраама, во Месопотамија, и му рекол: „Напушти ги земјата твоја, роднините твои и куќата на таткото твој и појди во земјата што Јас ќе ти ја покажам, па Јас од тебе ќе создадам голем народ“. Авраам му се покорил на Господа и дошол во ветената земја Ханаан, каде што живеел заедно со својот син Исак и со неговиот внук Јаков, кој подоцна бил прекрстен во „Израел“.

Израел и неговите 12 синови заминале за Египет поради гладот што владеел во Ханаан, па таму се намножиле во моќен народ. Египќаните се чувствувале загрозени од силниот израелски народ кој живеел меѓу нив, па затоа ги поробиле и им го загорчиле животот, ставајќи ги во окови. По поминати 430 години во Египет, биле избавени од ропството од страна на Мојсеја, со кого потоа го преминале Црвеното Море и заминале за Арабија, каде што на планината Синај, го примиле Законот Господов.

На генерацијата Израелци, коишто го напуштиле Египет заедно со Мојсеја, не им било дозволено да влезат во ветената земја, затоа што не верувале во Господа. Тие биле принудени 40 години да талкаат низ пустината, сé додека не дошла нова генерација којашто верувала во Господа и која потоа влегла во ветената земја, предводена од Исуса Навина.

Во текот на 400 години, со Израелските племиња владееле Судиите, во согласност со Законот Мојсиев. Кога посакале да имаат цар како и сите други народи, Господ им го назначил Саула за цар, кој што владеел над нив во текот на 40 години, по него дошол царот Давид, кој што владеел во текот на 40 години, а по него дошол Давидовиот син Соломон, кој исто така владеел во текот на 40 години. За време на владеењето на Соломона, Израелското царство ја доживеало својата најголема слава и бил изграден првиот Храм. Но бидејќи Соломоновото срце, во својата старост, се одвратило од Господа, па затоа Бог му кажал дека синот негов нема да владее со 10 од неговите племиња.

По смртта на Соломона, израелското царство било поделено, а над 10-те северни племиња владееле низа безбожни цареви, кои што не биле потомци на Давида и на Соломона. Северното Царство го задржало името Израел и со тек на време, Самарија станала негов главен град. Ерусалим бил главен град на помалото, Јужно Царство, познато како Јудеја, а над него владееле потомците на Давида. Почнувајќи од запишаното во 2 Цареви 16, луѓето од Јужното Царство станале познати како Јудејци – „Евреи“, по името на Царството Јудеја.

Поради порочноста на Северното Израелско Царство, тие биле симнати од власт и биле заробени од страна на Асирците. Израелците кои што останале, се измешале со незнабожните народи, кои дошле и ја заземале нивната земја. Овие народи ќе станат познати како Самарјани, а 10-те племиња од Северниот Израел, никогаш повеќе нема да станат еден народ.

Јужното Царство Јудеја ќе биде на крајот поробено од страна на Вавилон, како казна за служењето на други богови, а Храмот ќе биде уништен. Но 70 години подоцна, Евреите се вратиле во Јудеја, повторно го изградиле Храмот во Ерусалим, а над нив продолжиле да владеат цареви, кои што воделе потекло од Давида.

Во времето на Исуса, народот на Јудеја станал познат како Јудејци, и бил под римската власт. Исус Христос и Неговите ученици го проповедале Евангелието низ Јудеја, барајќи ги изгубените овци од домот Израелов. По 3 и пол годишното свештенствување, Евреите го отфрлиле Исуса како свој Месија, и го убедиле римскиот гувернер да го распне. 3 дена подоцна, Тој воскреснал од мртвите и жив им се прикажал на Своите ученици, пред да се вознесе на Небесата, застанувајќи до десната рака на Отецот.

Непосредно пред да биде распнат, Исус прорекол дека како казна за Неговото одбивање, Ерусалим ќе биде запален, Храмот ќе биде уништен, а Евреите ќе бидат одведени во заробеништво меѓу сите народи на земјата. Пророштвото се исполнило во 70-та година од раѓањето на Исуса Христа, кога идниот римски император Тит го освоил Ерусалим. Повеќе од 1800 години, Евреите останале раштркани низ сите народи.

Потоа во 1948-та година се случило невозможното. Била основана државата Израел и Евреите повторно ја земале во посед ветената земја. Многу Христијани го прогласиле тоа за чудо и благослов од Бога, но дали тоа навистина било благослов од Господа, или пак било дело на мрачните сили? Одговорот на ова прашање, можете да го најдете во овој филм!

 

 

 

mouseover